За утре се најавува променливо облачно време со врнежи од дожд, кои во вечерните часови во западните делови од земјата ќе преминуваат во снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од три до 12 , а дневната ќе се движи во интервал од осум до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд, а ќе дува и умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде од осум степени наутро до 13 во текот на денот.
За утре, во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се вели дека времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во некои делови од земјата врнежите ќе бидат пообилни,со наврнати над 25 литри на квадратен метар.
Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец со над 60 километри на час.
Во Скопје, утре ќе има променливо облачно време со повремен дожд и со умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура утре ќе се движи во интервал од осум до 13 Целзиусови степени.
Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и од снег.
