Утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Во текот на денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 7 до 16 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремен слаб дожд, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Темперaтурата ќе се движи од 10 до 14 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
В четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
