За утре се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот, како што се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од 2 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи меѓу 12 и 20 степени.
Променливо облачно време денеска ќе има и во Скопје. Во попладневните часови и ноќта ќе има повремен дожд. Во текот на денот ќе дува и слаб југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 10 степени наутро до 17 во текот на денот.
За утре се најавува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Температурата утре ќе биде од 11 до 15 степени.