Денеска и утре времето ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со слаб снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утре, пак, се очекува променливо облачно и постудено време, а на планините и на некои од повисоките места ќе провејува слаб снег.

Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.
