Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во западните делови од земјата се очекува врнежите да бидат пообилни и да наврнат и над 15 литри дожд на квадратен метар, проследени со умерен, а повремено и засилен ветер
Денеска времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд во западните, а во попладневните часови и во источните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерене ветер од јужен правец.

Утринската температура насекаде ќе биде над нулата и ќе се движи во интервал од два до шест Целзиусови степени, а максималната дневне ќе достигне од шест до 14 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, се очекува облачно време со услови за повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во западните делови од земјата се очекува врнежите да бидат пообилни и да наврнат и над 15 литри дожд на квадратен метар, проследени со умерен, а повремено и засилен ветер. Нови врнежи од дожд ќе има во недела и на почетокот на следната седмица, кога се очекува и пад на температурата. На планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
