За утре се најавува променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови, во западните делови од земјата, ќе има повремен дожд со слаб до умерен северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува засилен, наместа силен западен ветер со брзина од над 70 километри на час, кој ќе биде во форма на невреме.
Температурата наутро ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 37 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во делови од котлината нестабилно со можност за краткотрајно невреме и засилен до силен југозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 34 степени.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови, во западните делови од земјата, ќе има повремен дожд, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 25 до 33 степени.
И во недела ќе дува северен ветер и ќе има опаѓање на температурите. Потоа следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.