Од недела попладне ќе почне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени“,
велат синоптичарите.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, а попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд.
„Минималната ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени“,
пишува во прогнозата на УХМР.
Во делови од котлината ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.
И следните денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини тие ќе преминуваат во врнежи од снег.
Од недела попладне ќе почне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
