Според Управата за хидрометеоролошки работи, од вторник, кој крајот на денот, како и во текот на следните денови ќе промена на временската состојба со повремени локални врнежи од дожд, а поради спуштање на постуден воздух од север, на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди, а во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движи во интервал од минус пет до еден Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од седум со 12 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, ќе биде исто така променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, стабилното и тивко време ќе се задржи и во понеделеник, а веќе од вторник, кој крајот на денот, како и во текот на следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Поради спуштање на постуден воздух од север, на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
