Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 5 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Во северните планински делови ќе има провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Температуарата наутро ќе биде од -5 до 4 степени, а во текот на денот -1 до 6 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 5 Целзиусови степени.
На почетокот на работната недела времето ќе биде наутро студено, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утре највисоката температура ќе биде 7 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наутро температурата ќе биде -3, а во текот на денот до 5 Целзиусови степени.
