И за утре се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со температура до 18 степени

Променливо облачно и релативно топло време најавуваат синоптичарите за денеска. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд, ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој на некои места вдолж Повардарието и во источните делови ќе биде засилен. Утринската температура ќе биде од 3 до 9 степени, а во текот на денот од 9 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе биде 8 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 18 Целзиусови степени.
За утре, се најавува исто така променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите, особено во текот на ноќта, на некои места ќе бидат пообилни, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој вдолж Повардарието и во источните делови од земјата ќе биде засилен.
Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со ветер од југоисточен правец. Температурата утре ќе се движи од 3 до 9 степени наутро и 9 до 18 Целзиусови степени во текот на денот.
