Пообилни врнежи се очекуваат утре, наместа и над 20 литри на квадратен метар, а ќе има услови и за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот, под влијание на циклонска активност, се очекува зголемување на облачноста со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР). Ќе дива умерен до засилен ветер од јужен правец, кој наместа ќе дува и со брзина од над 60 километри на час.

Утринската температура се движи во интервал од еден до седум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 10 до 21 степен.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слилно време, променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре, наместа и над 20 литри на квадратен метар, а ќе има услови и за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка.
За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
