Утре и во сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на температурите
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени, а максималната ќе достигне 23 до 32 степена“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од градот ќе има услови за краткотрајно невреме.
„Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 31 степен“,
велат од УХМР.
Утре и во сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на температурите.
Ново дестабилизирање на времето со дожд и грмежи се очекува во недела и на почетокот на идната седмица.