Во Скопје, времето денеска претпладне ќе биде умерено облачно и со температура до 13 Целзиусови степени. Попладне, како што информираат од УХМР, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град

Времето денеска, во претпладневните часови, ќе биде сончево со умерена облачност. Од пладне се очекува да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Температурата наутро ќе биде од 8 до 14, а попладне од 17 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска претпладне ќе биде со мала до умерена облачност и со температура до 13 Целзиусови степени. Попладне, како што информираат од УХМР, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата попладне ќе се искачи до 26 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде слично на денешното. Наутро ќе биде променливо облачно, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град.
И во Скопје, времето утре претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има и услови за краткотрајно невреме.
