Продолжува периодот на променливо облачно и топло време. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град, најавува УХМР

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека на места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладнево ќе биде променливо облачно, а попладне, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

За утре се најавува променливо облачно време, кое од пладнето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

