И во деновите од викендот, според информациите од УХМР, ќе нема промена на времето. Утре времето ќе биде претпладне со умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладне се очекува да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе има невреме со појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 7 до 15 Целзиусови степени, а попладне од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град. Температурата во утринските часови ќе биде 13 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.
И во деновите од викендот, според информациите од УХМР, ќе нема промена на времето.
Утре времето ќе биде претпладне со умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места врнежите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, времето утре ќе биде, претпладне умерено облачно, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурата утре ќе биде од 8 до 15 Целзиусови степени наутро, а попладне од 17 до 27 Целзиусови степени.