Според Управата за хидрометеоролошки работи, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (петок) нè очекува малку посвежо време, а во деновите од викендот следува стабилизација на временската состојба со повторен пораст на дневната температура
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од западен, а вдолж Повардарието од северен правец.

Во попладневните и во вечерните часови, според синоптичарите, ќе има развој на локална нестабилност проследена со зголемување на облачноста, пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 13 до 21, а максималната дневна ќе достигне од 27 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска се очекува слично време, сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 37 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, утре (петок) нè очекува малку посвежо време, а во деновите од викендот следува стабилизација на временската состојба со повторен пораст на дневната температура.