Според Управата за хидрометеролошки работи, сончевото време ќе се задржи и во наредните денови од оваа седмица, но ќе има засилување на ветерот, кој ќе биде северен и наместа ќе дува со брзина од над 60 километри на час, особено долж Повардарието
Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот, според Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), се очекува зголемена облачност.

Утринската температура ќе се движи во интервал од осум до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 25 до 33 степени.
За Скопје синоптичарите најавуваат слично време, сончево со слаб ветер од јужен правец и температура која во текот на денот ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеролошки работи, претежно сончевото време ќе се задржи и во наредните денови од оваа седмица, но ќе има засилување на ветерот, кој ќе биде северен и наместа ќе дува со брзина од над 60 километри на час, особено долж Повардарието.