Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд
Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер, претежно од јужен правец.

Утринската температура се движи во интервал од минус четири до пет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува сончево време со мала до умерена облачност, со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.
