Според Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови од оваа седмица нè очекува сончево време со мала до умерена облачност, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и посвежо со мала од умерена облачност, а ќе дува и умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигне брзина и над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движви во интервал од пет до 16 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 20 до 31 степен.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град денеска ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови од оваа седмица нè очекува сончево време со мала до умерена облачност, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.