Според најавата на УХМР, од денеска до сабота ќе преовладува главно облачно време со повремени врнежи од дожд, а во недела се очекува стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На места ќе наврнат и до 25 литри дожд на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, повремено засилен јужен ветар.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 15 степени.
Времето во Скопјеќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветер кој ќе дува од јужен правец. Температурите ќе се движат од минимални 6 до максимални 13 степени.
Според најавата на УХМР, од денеска до сабота ќе преовладува главно облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе преминат во снег на планините, а дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени во однос на денешните. Стабилизирање на времето се очекува в недела.
