Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и врнежливо време ќе продолжи и во наредните денови
Денеска времето во земјава ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток се очекува зголемување на облачност, најпрвин во западните, а потоа и во другите делови, каде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб од снег, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус два до два Целзиусови степени, а максимална дневна ќе достигне од шест до 12 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до осум Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и врнежливо време ќе продолжи и во наредните денови.
„Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно“,
велат од УХМР.
