Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и релативно студено време, со повремени локални врнежи од дожд и засилен, а долж Повардарието и силен ветер од северозападен правец, ќе се задржи до утре (среда). Потоа ќе следи период на стабилно и суво време, со постепен пораст на дневната температура
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе дува и со брзина од над 60 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од четири до 13 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно со повремен дожд и умерен, а во делови од котлината и засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 12 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, облачното и релативно студено време, со повремени локални врнежи од дожд и засилен, а долж Повардарието и силен ветер од северозападен правец, ќе се задржи до утре (среда). Потоа ќе следи период на стабилно и суво време, со постепен пораст на дневната температура.