Според УХМР, од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени“,
прогнозираат синоптичарите.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Според УХМР, од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Потоа се очекува да преовладува стабилно време, каде дневните температури ќе бидат без промени.