За утре се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места врнежите ќе бидат пообилни со наврнати над 20 литри на квадратен метар, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде од минус еден д седум Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од четири до 15 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од пет степени наутро до 13 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.
Дневната температура утре ќе биде од осум до 15 степени.
Во понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, а од вторник повторно нови врнежи.
