Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде 4 степени, а попладневната 13 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег.
Минималните температури ќе се движат во интервал од минус 1 до 5 степени, а максималните од 6 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде 4 степени, а попладневната 13 Целзиусови степени.
Во следните денови од УХМР најавуваат променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови.
