И во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повременио врнежи од дожд, а на планините снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата. На повисоките, како и во некои од пониските места, во текот на денот врнежите ќе преминат во снег.
„Минималната темпертура ќе се спушти од еден до седум степени, а максималната ќе достигне од три до осум степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд.
„Минималната темепратура ќе се спушти до пет, а максималнатата ќе достигне до седум степени“,
информира УХМР.
И во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат во четврток и петок.
