Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 4 степени, а попладневната 13 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од минус 1 до 5 степени, а максималните од 5 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 4 степени, а попладневната 13 Целзиусови степени.
Следните денови, како што најавуваат од УХМР, не очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец.
