Според прогнозата на УХМР, до почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Во повисоките делови од земјата врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините само од снег. Во текот на денот по одредени котлини ќе има појава на магла, а ќе дува и слаб ветер претежно од северозападен превец.
Утринската температура ќе биде од минус еден до шест Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од шест до 10 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде облачно и магловито, а попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од еденстепен наутро,до шест во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат облачно време со врнежи од дожд, а на планините во западните делови ќе има слаби врнежи од снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура утре ќе биде од седум до 12 степени.
Според прогнозата на УХМР, до почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
