Невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пообилни и поројни дождови со услови за појава на грмежи ќе има во западните делови на земјата.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 часот, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта.
„Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени“,
предвидуваат синоптичарите.
Во текот на ноќта и во понеделник насекаде ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со усови за појава на грмежи.
Невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата.
Во вторник ќе има локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет. Во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
