Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд,кои ќе бидат пообилни во западните делови од земјата и каде се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во среда ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по одделни котлини.