Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9, додека максималните ќе се искачат од 5 до 11 Целзиусови степени
Облачно со повремен дожд кој наместа ќе биде пообилен – над 30 литри на квадратен метар, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Врнежите на планините ќе бидат од снег.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 9, додека максималните ќе се искачат од 5 до 11 Целзиусови степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и температури од 6 до 10 степени.
Според најавата на УХМР, утре претпладне и натаму ќе има слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, а од попладнето времето ќе се стабилизира. Во среда кон крајот на денот и во четврток повторно ќе има локални вржени од дожд, а на планините снег.
