Почнувајќи од утре, УХМР за претстојниот период најавува претежно стабилно време со пораст на дневните температури
Претпладне облачно со повремен локален дожд, попладне намалување на врнежите и облачноста – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен ветар кој на места вдолж Повардарието повремено ќе засилува од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 11 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 6 до 13 степени.
Времето во Скопје ќе биде облачно, со повремен слаб дожд во претпладневните часови. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветар од север. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од минимални 8 до максимални 12 степени.
Почнувајќи од утре, УХМР за претстојниот период најавува претежно стабилно време со пораст на дневните температури, освен во котлините, каде што ќе има појава на магла.
