Локални врнежи ќе има и во вторник во попладневните часови. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, а се очекува за 24 часа да наврнат над 30 литри на квадратен метар, со услови за појава на грмежи.
„Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 18 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни попладне. Температурите ќе бидат од 10 до 17 степени.
Локални врнежи ќе има и во вторник во попладневните часови. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.
