Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне се очекува облачноста да се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје, информираат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови ќе следува период на претежно облачно време, наутро ќе има услови за локална појава на магла, со позитивни утрински температури и со претежно јужен ветер. Кон крајот на работната недела ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во планинските региони.
Во следните три дена минималната температура ќе се движи од два до 9 степени, а максималната од 8 до 13 степени.