Следните денови времето ќе биде стабилно и суво. Променливо време со услови за слаб дожд не очекува в четврток кога ќе дува и повремено засилен ветер од северозападен правец
Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко со температури што ќе се движат до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец.
„Минималните температури ќе бидат во интервал од -4 до 2 степени, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени“,
се вели во соопштението на синоптичарите.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко.
„Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени“,
додаваат од УХМР.
Следните денови времето ќе биде стабилно и суво. Променливо време со услови на слаб дожд не очекува в четврток кога ќе дува и повремено засилен ветер од северозападен правец што ќе биде поизразен долж Повардарието.
