Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Оттаму велат дека наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

И во Скопје ќе биде променливо облачно, со тоа што во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Според синоптичарите, уште утре ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
