Според Управата за хидрометеоролошки работи, од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во петок ќе бидат проследени со појава на грмежи
Денеска времето во земјава ќе биде наутро свежо, а во текот на денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од шест до 14 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, исто така, ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен ветер кој ќе дува од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 33 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, претежно сончевото и топло време, со високи температури за овој период од годината, ќе се задржи до утре. Од четврток попладне синоптичарите најавуваат период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во петок врнежите ќе бидат проследени со локална појава на грмежи и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во деновите од викендот.