До крајот на неделата ќе биде сончево со мала умерена облачност и претежно тивко
Времето денеска ќе биде сончево со мала умерена локална облачност. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ова е временската прогноза за текот на денешниот ден од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени“,
се вели во прогнозата.
Во Скопје наутро ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко.
„Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени“,
информира УХМР.
До крајот на неделата ќе биде сончево со мала умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
