Минималната температура ќе се движи од шест до 14, а максималната од 27 до 36 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе се движи од шест до 14, а максималната од 27 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 36 степени.
Според УХМР, до петок ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер кој ќе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време.