Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите
Времето утринава ќе биде многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Метеоролозите предвидуваат слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -12 до -2, а максималната од 3 до 10 степени Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до – 8, а максималната ќе достигне до 9 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник, пак, ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег.