Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа и засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните ќе достигнат од 30 до 37 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Температурите ќе се движат од 17 до 36 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и в сабота во западните и во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Утре се очекува засилен, повремено и силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, а вдолж Повардарието повремено ќе дува со засилен интензитет. Температурите ќе бидат во опаѓање.