Минималните утрински температури ќе се движат од –4 до 3 степени, а дневните од 9 до 15 степени
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови, по одделни котлини и речни долини ќе се задржи магла, која постепено ќе ослабне и ќе се намали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минималните утрински температури ќе се движат од –4 до 3 степени, а дневните од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне е можна појава на магла во делови од котлината. Потоа ќе преовладува сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат од –2 степена во утринските часови, до максимални 11 степени преку ден.
Во следните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и стабилно време, со температури повисоки од вообичаените за овој дел од годината. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини се очекува магла и зголемена облачност.
