Во Скопје се очекува слична временска состојба – променливо облачно со сончеви периоди и умерен до повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 11 степени, а максималната ќе достигне 19 степени
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северен ветер. Во североисточните подрачја се можни услови за локален слаб дожд.

Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат од 11 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје се очекува слична временска состојба – променливо облачно со сончеви периоди и умерен до повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 11 степени, а максималната ќе достигне 19 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до вторник ќе преовладува претежно стабилно време, со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица, под влијание на влажна и посвежа воздушна маса, се очекуваат локални врнежи од дожд и пад на дневните температури за неколку степени.