Утре, пак, се очекува студено време – претпладне променливо облачно, во текот на денот со подолги сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, најавуваат од УХМР. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе бидат во интервал од минус еден до пет степени, додека дневните ќе се движат од шест до 14 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен северозападен ветер.
Утре се очекува студено време – претпладне променливо облачно, во текот на денот со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец.