Следната недела ќе има почести врнежи од дожд, а во среда локално ќе надминат 20 литри на квадратен метар
Времето денеска во државата ќе биде променливо облачно, со услови за краткотраен локален дожд, претежно во источните делови. Утринските температури на одредени места ќе се спуштат под нулата, додека максималната дневна ќе се искачи до 18 степени.

Според синоптичарите, ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец, а од утре ќе има преодно стабилизирање на временските прилики и суво време.
Стабилизацијата ќе биде краткотрајна бидејќи веќе од вторник, па сè до крајот на работната недела, државата ќе биде под влијание на нова циклонска активност. Ова ќе услови променливо облачно време проследено со чести врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, додека во среда наместа ќе наврнат и над 20 l/m².
