Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во источните делови, каде што ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 22 степени.
Утре, особено претпладне, ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер, а од понеделник ќе настапи стабилизација со сончево и значително потопло време.
