Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието ќе преовладува ветер од југоисток
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. На одредени места се очекуваат интензивни процеси во форма на невреме, со пороен дожд од над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, засилен ветер и електрични празнења.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието ќе преовладува ветер од југоисток.
Температурите ќе се движат од 6 до 12 степени, а дневните ќе достигнат од 12 до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Според прогнозите на УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ваквото време ќе продолжи до понеделник, со услови за локално пообилни врнежи и грмежи. Од вторник се очекува постепено стабилизирање на времето и пораст на дневните температури.
