Периодов ќе имаме стабилно време во кое ќе останат ниските утрински температури, а од четврток се очекува да има пораст на дневните кои ќе достигнат и до 26 степени
Со минимална температура од 1 до 10, а максимална од 14 до 22 степени, ќе помине денешниот ден, најавуваат од УХМР.
Времето ќе биде сончево и посвежо, а ќе има и мала до умерена облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер долж повардаријето, а повремено ќе се засили и ќе дува од северен правец.
Во Скопје исто така ќе биде сончево со умерена облачност и повремен засилен ветер од северен правец, но температурите ќе биде пониски – минималната ќе биде и до пет степени, додека максималната ќе достигне до 18.
Во наредниот период, пак, според најавите, ќе имаме стабилно време во кое ќе останат ниските утрински температури, а од четврток се очекува да има пораст на дневните кои ќе достигнат и до 26 степени.