Сончево и релативно топло време се најавува и за наредните денови од оваа недела
Сончево и релативно топло време со мала локална облачност нè очекува во текот на денот, најавува УХМР. Во некои котлини ќе има утринска магла, а ќе дува и слаб ветер од северозападен правец.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 10 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до 28 степени.
Во Скопје ќе биде слично време при што минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Сончево и релативно топло време се најавува и за наредните денови од оваа недела. Утре, според прогнозата на УХМР, максималната температура ќе достигне до 27, а слично ќе биде и во наредните денови.