Со мерката се опфатени 14 општини низ државата, односно онаму каде има територијални противпожарни единици. Нема да има оглас во Општините Кочани и Струмица, кои не се пријавиле на повикот на Владата да учествуваат во мерката за справување со пожарите
Владата ќе ангажира невработени лица што ќе помагаат во справувањето на пожарите. Мерката на денешната прес-конференција ја најави владината портпаролка Марија Митева, посочувајќи дека таа за првпат ќе се спроведува во државата и предвидува вклучување на 400 невработени лица, што ќе бидат ангажирани во активности за спречување и намалување на ризикот од пожари.
Месечниот надоместок што ќе го добиваат ангажираните учесници е 24 илјади денари.

„Сите оние што ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност по завршување на оваа мерка ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите што се надлежни за оваа работа“,
рече Митева.
Според неа, пријавувањето ќе се одвива преку јавен повик, објавен од страна на општините.
„Ги повикуваме сите граѓаните, особено оние што бараат можносат да придонесат кон општото добро и да стекнат корисно работно искуство, да се пријават преку своите оптштини. Нивната улога ќе биде клучна“,
кажа таа.
Со мерката се опфатени 14 општини низ државата, односно онаму каде има територијални противпожарни единици. Нема да има оглас во Општините Кочани и Струмица, кои не се пријавиле на повикот на Владата да учествуваат во мерката за справување со пожарите.
На прашањето дали можеби причините зошто не се пријавени тие две општини се политички, Митева рече дека се работи за општо добро каде политиката не треба да е примат.
„Не ви сакала да верувам дека е така, иако можеби имало политичка логика. Повикот е за општо добро и се однесува на сите граѓани, каде политиката не треба да има примат. Жалам ако тоа е така“,
реќе Митева.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој заедно со Митева и директорката на Заедницата на едиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) Душица Перишиќ присуствуваа на прес-конференцијата ги повика сите граѓани, особено помладите што немаат и бараат работа да и помогнат на татковината да се справи со пожарите и да се пријават на огласите распишани од страна на општините.

„Во Скопје е предвидено да се ангажираат околу 100 лица, што ќе бидат распоредени во тимовите за брз одговор на ДЗС и истите ќе поминат кратка обука, а најдобрите ќе бидат избрани за новата единица која е во тек на формирање, односно ќе биде Специјална единициа за заштита и спасување“,
кажа тој.
Според Ангелов, можеби надоместокот од 24 илјади денари не е голем, но сите оние кои ќе покажат успех во справување со пожарите, ќе можат да бидат професионално вработени во некои од Територијалните противпожарни единици низ државата.
„Кандидатите треба да бидат психофизички здрави. Дополнително ќе утврдиме на кој начин ќе биде утврдена нивната физичка подготвеност. Оние со хронични болести, срцеви заболеува и проблеми со шеќерот не е добро да се пријават на овие огласи“,
рече директорот на ДЗС.
Директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ рече дека во моментов во општините има вработени од 700 до 800 пожарникари.
Според стандардите, како што додаде, на секои 1 500 жители треба да има еден пожарникар.
„За да се исполнат условите потребни ни се 1 500 пожарникари“,
кажа таа.
Инаку, Владата вчера промовираше 38 стари армиски и полициски возила пренаменети за гаснење пожари.
Ангелов рече дека дел од овие возила се користат за гаснење на големиот пожар кај Блаце, каде се покажале како многу ефикасни.